Тoм Тибодо е нов тренер на Њујорк никс (ФОТО)

Њујорк никс во новата сезона ќе биде предводена од нов тренер, откако денеска на социјалните мрежи беше претставем Том Тибодо.

Тибодо во минатото работеше во Чикаго булс и Минесота тимбервулвс, а сега доби предизвик и на клупата на Њујорк.

„Благодарем сум на можноста да работам како прв тренер на Њујорк. Знам каков е Њујорк и едвај чекам да почнеме со настапите“, кажа тренерот.

Тибодо работеше во Њујорк како помошник од 1996 до 2004 година, а во 2010 година седна на кормилото на Чикаго.