Тепачка на трибини во НБА лигата: Како изгледаат хулигани на американски начин? (ВИДЕО)

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс игра одлично оваа сезона, а синоќа славеше на гостувањето кај Денвер, но вниманието на американските медиуми го привлече една тепачка која се случи на трибините.

Имено, се случи пресметка меѓу фановите, а во овој случај брачен пар кој беше поддржувач на Лејкерс нападнаа друга брачна двојка од спротивниот табор.

По вербалниот конфликт се случи и физички пресметка, а црна дамка ќе остане тоа што навивачот на „езерџиите“ удри девојка која навиваше за противничкиот тим, па потоа се пресмета и со нејзината посилна половина.

За среќа, обезбедувањето брзо реагираше и спречи понатамошен конфликт меѓу двата навивачки парови.