Тензија во НБА: Се степаа кошаркарите на Голден стејт и Хјустон (ВИДЕО)

Напнато и тензично беше во четвртиот натпревар од плеј-офот помеѓу Голден стејт и Хјустон каде што домаќинот победи со 109-106 и така поведе со 3-1 во серијата.

Во текот на втората четвртина на седум минути пред крајот дојде до судир помеѓу Стеф Кари и Дилон Брукс. Брукс го фаулираше Кари, а кога можеше едноставно да се сврти и да замине одлучи да се обиде да му ја одземе топката. Тука се ескалираше.

Грин веднаш дотрча да го заштити Кари и дојде до турканица во која учествуваа повеќе кошаркари.На крајот сите тројца - Кари,Грин и Брукс добија технички грешки.