Шоу на Леброн за победа на САД против Германија!

САД со 92-88 ја победи Германија во последниот пријателски меч пред настапот на Олимписките игри, Леброн Џејмс беше клучен за победата на Американците.

Американците тргнаа моќно и ја добија првата четвртина со десет поени разлика, беше 29-19. Но, како одминуваше натпреварот работите се менуваа.

Во текот на третиот период Германија поведе, во еден момент и со највисоки за нив пет поени разлика. Неизвесно беше и во последната четвртина, Германците водеа со 82-81 кога Леброн го почна своето шоу. Ѕвездата на Лејкерс беше импресивен и во нападот и во одбраната. На крајот неговата брилијантна секвенца ја донесе победата на САД од 92-88.

Леброн Џејмс со 20 поени беше најефикасен во селекцијата на САД и воопшто на мечот, Ембид постигна 15, Кари 13. Најефикасен кај Германија, беше Вагнер со 18 поени.

Следниот натпревар на САД е на Олимписките игри против Србија.