
Леброн последните три финални средби ги одиграл со – скршена рака! (ВИДЕО)
По последниот меч одигран утринава по македонско време, „Кралот Џејмс“ откри нешто што во таборот на „коњаниците“ било чувано како најголема тајна, а тоа е дека последните три финални средби ги одиграл – ептен повреден. Тој имал скршеница на десната дланка како последица на силен удар во лутина по таблата за цртање во соблекувалната по неверојатниот пораз во првиот дуел, кога неговиот соиграч Џеј-Ар Смит направи кардинална грешка во финишот.
„Дозволив емоциите да ме понесат поради што последните три средби од финалето ги одиграв буквално со скршена дланка“, изјави Џејмс.
Дека беше фрустриран по тој меч покажува и фактот што не сакаше премногу да одговара на прашањата на новинарите, како и по тоа што во лутина предвреме си замина од прес-конференцијата по воведниот меч од НБА-финалето.