Шок за Индијана: Крај на сезоната за Хрватот Зубац!

Хрватскиот центар Ивица Зубац ја заврши сезоната поради повреда, откако заработил фрактура на ребро на натпревар одигран во средата.

Кошаркарот на Индијана се повредил во дуелот против Портланд, а по направените прегледи било утврдено дека нема да може да се врати на паркетот до крајот на сезоната.

Ова претставува сериозен удар за центарската линија на Индијана, која останува без еден од своите клучни играчи.

Сепак, со оглед на тоа што тимот веќе нема реални шанси за пласман во плејофот, во клубот не сакале да ризикуваат со негово прерано враќање.