Навивачите на Јунајтед бесни на Мегваер: Избркајте го од клубот!

Фудбалерите на Борнмут и Манчестер јунајтед вчера ремизираа 2-2 во рамките од 31. коло во Премиер лигата, а како главен виновник што „црвените ѓаволи“ останаа без три бода беше означен дефанзивецот Хари Мегваер.

Сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме. Гостите двапати водеа, најпрво со голот на Бруно Фернандеш, а потоа и по автоголот на Хил, но домаќините успеаа да дојдат до бод.

Најмногу реакции кај навивачите на Манчестер јунајтед предизвика пеналот кој го реализираше Крупи во 81. минута, а го направи Хари Мегваер. Сепак, фановите на клубот од „Олд Трафорд“ не ја спорат судиската одлука, туку го критикуваат Мегваер. 

„Уште еден важен натпревар во кој нè разочара“. „Некој нека го избрка од клубот. Може да одигра и 100 добри меча, но што ни вреди“. „Не ми е јасно како тренерите сè уште го ставаат во состав“. „Секогаш сум се прашувал како би изгледало да станам професионален фудбалер, сега знам“. „Тимот се избори за победа, ама тука е Мегваер да му помогне на противникот...“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

По ова реми, Манчестер јунајтед е трет со 55 бодови, четири повеќе од Астон вила, а шест помалку од Манчестер сити кој има и натпревар повеќе. Борнмут, пак, се наоѓа на 10. позиција со 42 бода.