Само небото му е лимит: Ново историско остварување за Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Кој знае по кој пат по ред во својата куса НБА-кариера, Лука Дончиќ се запиша во историјата на најсилната лига во светот, овој пат како најмлад кошаркар кому му успеало да дојде до 30 трипл-дабл ефекти.

Словенецот тоа го направи во синоќешниот триумф на Далас маверикс во пресметката со Индијана пејсерс (124-112), во која, без разлика на проблемите со повредите, постигна 13 поени, заедно со по 12 скока и асистенции.

Најефикасен во победата на „телињата“ беше Кристапс Порзингис со 27 поени и 13 скока, а Малком Брогдон и Домантас Сабонис со по 25 поени беа најефикасни во домашниот тим.