„Сакав да му се јавам на Коби, а потоа дознав дека е мртов преку - пораки!“

Смртта на Коби Брајант го шокираше цел свет, а неговата сопруга Ванеса Брајант трагичната вест ја дознала преку пораки на мобилниот телефон.

Во јануари 2020 година хеликоптерот на Коби падна поради лошото време, а во него загина неговата ќерка, како и уште неколку лица.

„Го држев телефонот и се обидов да му се јавам, а потоа почнаа да доаѓаат пораки на мојот телефон ‘Почивај во мир Коби...’“, открива Ванеса.

Вдовицата никогаш нема да ја преболи загубата на своите најмили и ги тужи локалните власти поради фотографирање без дозвола на местото на несреќата.

„Мојот живот никогаш нема повеќе да биде ист без маж и ќерка. Тогаш им реков: Ако не може да ми го вратите сопругот, тогаш не го фотографирајте. Ве молам“, открива таа.