Револуција во НБА: Претставен дрес на кој може да се менува името и бројката (ВИДЕО)

НБА-лигата очигледно се соочува со револуционерна промена, по која ништо нема да биде како во минатото, а комесарот на натпреварување, Адам Силвер претстави нов дизајн на дрес.

Дресот на иднината е навистина нешто неверојатно, зашто на него би можеле да се менуваат бројката и кошаркарот.

Сепак оваа технологија нема да може да им помогне на фановите да го менуваат дресот ако кошаркарот го промени клубот, но можат да менуваат повеќе кошаркари од истиот тим, чиј дрес имаат купено.