Прво се играше македонско оро во НБА, а ноќеска се „вртеше“ и - српско коло (ВИДЕО)

Никола Јокиќ ноќеска имаше дополнителни мотиви за игра бидејќи во Бол арената во Денвер имаше голем број Срби.

 

 

Како што минатата недела во Детроит, пред мечот меѓу Пистонс и Сиксерс, се одржа „Вечер на македонското културно наследство“, таков беше случајот во Денвер каде иста таква манифестација одржаа Србите. По тој повод беше снимена специјална порака од Срби од сите краеви на светот кои им дадоа голема поддршка на Јокиќ и Нагетс.

 

 

Пред почетокот на натпреварот на теренот се играше коло и Американците можеа да уживаат во српското културно наследство.