Повторно Французин прв пик на НБА драфтот, новата српска надеж оди во Оклахома

Закари Ризаше, младинскиот репрезентативец на Франција изминатата ноќ беше избран за прв пик на НБА драфтот кој се одржуваше во Њујорк.

Станува збор за крилен играч кој има само 19 години кој беше избран од Атланта за која првпат по пауза од 49 години имаше можност прв да бира. Ризаше зад себе има одлична сезона во тимот на Бурж и беше избран за најдобар млад играч во Еврокупот и француското првенство.

Исто така ова е втора година по ред во која првиот пик на драфтот е Французин минатата година таа чест ја имаше Виктор Венмбанјама кој заврши во Сан Антонио.

Помеѓу најдобрите пет пикови се уште: Рип Шепард, избран од Хјустон ,Стефон Касл оди во Сан Антонио и Рон Холанд во редовите на Детроит.

Српската надеж Никола Топиќ беше избран како 12. пик и од Оклахома Сити Тандер.