Потенцијален проблем за Лејкерс: Дончиќ против Детроит се повредил?

Во последниот период кошаркарите на Лејкерс не се снаоѓаат најдобро и бележат лоши резултати, а во изминатата вечер беа поразени и од Детроит со 106-128. и за нив тоа беше трет пораз во последните четири средби.

Но, дополнителен проблем од оваа средба може да биде повредата на Лука Дончиќ кој го напушти паркетот во третата четвртна.

По кратко време Дончиќ помеѓу паузата на третата и четвртина се врати со облога од мраз на левото рамо. Подоцна, иако со болки влезе во игра, меѓута не помогна да се избегне поразот, средбата ја заврши со 30 поени, 11 асистенции и пет скока.

Засега не е познато од каков карактер е повредата, меѓутоа, ако треба да паузира, сигурно дека тоа ќе биде дополнителен удар за Лејкерс.