Eден од омилените фудбалери на Флик во Баерн може да заврши во Барса
Каталонските медиуми, поточно новинарот Фернандо Поло, денес открија дека Горецка лично го контактирал Флик за да му порача дека му стои на располагање и дека со задоволство би потпишал за Барселона како слободен агент.
Засега не е познато дали Флик е подготвен да го доведе, особено ако се земе предвид фактот дека германскиот стратег сака да се потпира на помлади играчи кои веќе ги има во ростерот. Марк Бернал е проектиран како долгорочно решение, а тука се и незаменливиот Педри, како и Френки де Јонг, Марк Касадо и повратникот Гави.
На сето тоа треба да се додаде и фактот дека оваа есен на позицијата последен играч за врска одлично се снајде и Ерик Гарсија, па се чини дека таа позиција во Барселона е покриена и повеќе од солидно.
Инаку, Горецка беше еден од клучните играчи во Баерн кога Флик беше на клупата. Токму тогаш двајцата заедно ѝ нанесоа тежок пораз на Барселона со 8-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.