Дончиќ не можеше сам - домашен пораз за Лејкерс! (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен беше поразен со 106-128 од тимот на Детроит, Лука Дончиќ беше најдобар на теренот, но скромна беше поддршката од другите.

Лејкерс беше во игра до влезот во последната четвртина, но тогаш се случи вистински распад, тие 12 минути ги загубија со 18-32 и на крајот доживеаа тежок пораз од 22 разлика.

Лука Дончиќ постигна 30 поени, имаше и 11 асистенции, следниот најдобар кошаркар на Лејкерс на овој меч беше Леброн Џејмс со 17 поени, Хајс постигна 13. Кај Детроит, Канингем постигна 27 поени.

Резултати:

Мемфис - Филаделфија 136-139
Јута - Бостон 119-129
ЛА Лејкерс - Детроит 106-128
ЛА Клиперс - Сакраменто 131-90