Емери со срамен потег го засени дербито на „Емирати“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал триумфираа против Астон вила со 4-1 и ја запреа победничката серија на тимот од Бирмингем од 11 меча по ред, но дербито падна во сенка на потегот на тренерот Унај Емери.

По последниот судиски свиреж, Емери не можеше да се помири со дебаклот на „Емирати“, па веднаш избега во соблекувалната и не се поздрави ниту со Микел Артета од Арсенал.

Артета го бараше Емери по теренот, но не можеше да го пронајде и тогаш разбра дека неговиот ривал решил да избега од теренот.