Никако да му тргне на Челси... (ВИДЕО)

Девет натпревари по фамозната победа против Барселона минатиот месец и само две победи за Челси.

Едната од нив во Лига купот, а другата против Евертон во Премиер лигата, но за следната ќе треба да ја почека новата година. Вечерва „сините“ на домашн терен одиграа само 2-2 со Борнмут и полека се откажуваат од сите надежи за шампионската титула иако малкумина ги вбројуваа меѓу кандидатите пред почетокот на сезоната.

Дури, Борнкут беше поблиску до побеата бидејќи не само што водеше со 1-0, туку и во второто полувреме беше поконкретен и почесто се закануваше кон противничкиот гол. Сите четири гола на мечот беа постигнати во првото полувреме, поточно од шестата до 27. минута.

Отвори Брукс, Палмер од пенал и Енцо Фернандес се погрижија за пресврт, а Клајверт го постави конечниот резултат. Двете екипи имаа по 17 шута, но гостинските фудбалери шест пати ја погодија рамката, за разлика од противниците кои само три пати стрелаа прецизно.