Партизан потклекна во финишот и изгуби четврти пат по ред
Иако „црно-белите“ долго време даваа отпор и го одиграа можеби најдобриот натпревар последните недели, Валенсија сепак победи со 86-73 со што се израмни со лидерот на табелата Хапоел Тел Авив. Партизан не го искористи одличниот почеток бидејќи отвори со 17-6, но водеше во најголемиот дел од натпреварот. Клучна за победата на Валенсија се покажа серијата од 7-0 во последната четвртина, а впечаток е дека конечниот исход не е реален одраз на она што се случуваше на теренот.
Одамна е јасно дека за Партизан оваа сезона е загубена и само чудо може да го однесе во плејинот. Со денешниот пораз остана на претпоследната позиција со биланс 6/13, додека Валенсија има 13/6.
За шпанскиот тим играше и репрезентативецот на Македонија, Омари Мур, но тој за 16 минути оствари два скока и две асистенции.