Карлсен е чудо - направи скандал, па стана светски шампион (ВИДЕО)

Магнус Карлсен предизвика мал инцидент на Светското првенство во брзопотезен шах што се одржа во Доха, а кое заврши со негов триумф.

Норвешкиот велемајстор во деветтото коло се соочи со Арџун Еригаиси од Иран. Карлсен беше фаворит за победа, но ја испушти кралицата, што резултираше со истек на неговото време. Поради тоа го загуби дуелот, а потоа ја изгуби контролата врз емоциите. Силно удри по масата, а на почетокот дури и не му честиташе на противникот.

Сепак, подоцна се врати за да ја исправи својата грешка и му подаде рака на својот ривал. И покрај овој дуел, во стилот на голем шампион, Карлсен успеа да стигне до финалето. Во борбата за титулата се сретна со Нодирбек Абдусаторов од Узбекистан кого го победи за свој деветти трофеј.