Џошуа по страшната сообраќајка: Ме боли цело тело! (ВИДЕО)

Британскиот боксер Ентони Џошуа дал кратка изјава од болница во која открил дека чувствува болка низ цело тело по страшната сообраќајка во Нигерија во која загинаа двајца негови тренери и пријатели.

Извори блиски до Џошуа откриваат дека боксерот имал огромна болка во колената и плачел додека го пренесувале кон болницата.

„Ме боли цело тело. Сè ме боли“, изјавил накратко Џошуа од болницата.

Џошуа ќе остане во болнички кревет под строг надзор на докторите, иако се наоѓа надвор од животна опасност, меѓутоа блиски до боксерот сметаат дека тој ќе има сериозни психички проблеми поради загубата на пријателите.