Прогласена вонредна состојба во Каталонија пред следниот меч на Барселона

Властите преземаат мерки пред каталонското дерби меѓу Барселона и Еспањол, кое е закажано за 3 јануари.

Организаторите објавија посебен документ со рестриктивни мерки кои се наменети да обезбедат мирен и безбеден тек на натпреварот.

На натпреварот ќе има засилено полициско присуство околу стадионот и важните градски зони, строги контроли при влегување на стадионот, како и ограничувања и забрането внесување на пиротехника.

Еспањол реши да делува превентивно пред градското дерби затоа што се очекуваат тензии од страна на домашните навивачи.