Не е паненка за секого: Велбек не се прослави (ВИДЕО)

Вчерашниот дуел помеѓу Вест Хем и Брајтон заврши без победник 2-2, а во овој натпревар внимание привлече и напаѓачот Дани Велбек.

Во моментите кога резултатот беше 1-1, Брајтон доби пенал, а одговорноста ја презема поранешниот напаѓач на Арсенал.

Велбек се обиде да го совлада противничкиот голман со паненка, но ја погоди само пречката.