Пајдушко оро и македонско знаме на НБА меч во Вашингтон! (ВИДЕО)

На паузата помеѓу двете полувремиња на дуелот помеѓу Вашингтон и Кливленд, во арената „Кепитал уан“ силно одекнаа звуците на Пајдушкото оро и се вееше македонското знаме во американската престолнина.

Настапот заеднички го организираа Американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД, пренесува „Експрес“.

Македонско-турската вечер беше организирана во чест на кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман, роден пред 23 години во Охрид од татко Турчин и мајка Бошњачка, кој игра за репрезентацијата на Турција, а има македонско и турско државјанство.