Охриѓанецот Осман потпиша нов договор со Кливленд за - 31 милион долари

Чеди Осман потпиша продолжување на договорот со Кливленд кавалирс на дополнителни четири години и ќе добие огромно зголемување на личните примања. 

Според новиот договор, Турчинот со потекло од Охрид ќе заработи вкупно 31 милион долари за четири сезони. Интересно е тоа што во првата година од новиот договор Осман ќе добие 8,6 милиони долари, но потоа ќе се намалува во следните три години. 

Во НБА-лигата тој беше драфтуван во втората рунда како 31-ви пик во 2015 година од Минесота, но во најсилната лига пристигна дури во 2017 година и беше трејдуван во Кливленд.