Нови детали од несреќата: Коби барал да полетаат 45 минути порано од предвиденото?!

Пет месеци по несреќата во која загина кошаркарската легенда Коби Брајант и уште неколку лица, откриени се нови детали од трагедијата која го потресе светот.

Пилотот Ара Зобајан бил дезориентиран поради густата магла и на крајот тоа скапо ги чинеше патниците во хеликоптерот, а денеска „Сан“ објави нови детали од несреќата.

Личната асистентка на Брајант, Кејти Брејди сега открива дека била донесена важна одлука пред трагедијата. Коби една ноќ пред закажаниот лет побарал да се тргне 45 минути порано.

„Тој ден, недела, јас всушност пред летот околу 6 или 7 го променив времето. Затоа што Коби реши дека сака да гледа уште еден натпревар пред да заигра Џиана. Требаше да тргнат во 9 и 45 наутро, но таа вечер го преместивме летот во 9 часот“, кажа Брејди.