Њујорк го надигра и го победи Бостон на негов терен! (ВИДЕО)
Никси почнаа моќно од самиот старт на мечот, ја добија првата четвртина со 35-24. До крајот на првото полувреме Бостон успеа да намали од негативата и на одморот се замина со предност на Њујорк од 60-53.
Прашањето за победникот беше решено во тртиот период во кој домаќините постигнаа само 15 поени, а Њујорк 25 и направија разлика која беше недостижна. До крајот само ја зголемија за конечни 111-89.
Брансон со 31 поен беше најдобар на теренот, имаше и осум скокови. Во составот на Бостон, Браун реализираше 26.
Резултати:
Бостон - Њујорк 89-111
Вашингтон - Мајами 101-132
Минесота - ЛА Клиперс 96-115
Торонто - Индијана 122-104