Неверојатен пресврт на Атланта, од -30 до победа против најдобриот во лигата (ВИДЕО)

Пред два дена Бостон Селтикс ја обезбеди најдобрата стартна позиција пред плејофот кога станува збор за Источната конференција, но синоќа доживеа сензационален пораз на гостувањето во Атланта.

Поразот не е сензационален затоа што Бостон загуби, туку поради начинот на кој беше совладан. Кон средината на втората четвртина, Селтикс водеа со 30 поени разлика (68-38) и изгледаше дека Атланта ќе доживее дебакл пред своите навивачи. Место тоа, Хоукс на крајот славеа со 120-118 со што го направија најголемиот пресврт во историјата на франшизата и петти најголем во постоењето на НБА.

Кулминацијата на возбудувањата се случи во претпоследната минута кога Тејтум загуби една топка, а Богдановиќ погоди брза тројка и го доведе домашниот тим во водство од 115-114. Атланта направи серија од 7-2 и го реши натпреварот во своја корист.

Џејсон Тејтум го заврши натпреварот со 37 поени, а веќе на средина од втората четвртина имаше 20. Можеби исходот ќе беше поинаков ако Бостон имаше поширока клупа, односно ако Џо Мазула ги имаше на располагање и Џру Холидеј и Дерек Вајт кои го пропуштија натпреварот. Кај Атланта, сите членови на стартната постава беа двоцифрени, најефикасен беше Хантер со 24, а Богдановиќ постигна 22 поена.

РЕЗУЛТАТИ
Кливленд - Шарлот 115-92
Атланта - Бостон 120-118
Њујорк - Детроит 124-99
Торонто - Бруклин 88-96
Чикаго - Вашингтон 105-107
Хјустон - Портланд 110-92
Сан Антонио - Феникс 104-102
Денвер - Мемфис 128-103
Јута - Далас 105-115
Сакраменто - Филаделфија 108-96
ЛА Клиперс - Индијана 116-133