Не можеше поинаку: Јокиќ е МВП на месецот!

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен играч во ноември во Западната конференција.

Ова е седмо вакво признание во кариерата на кошаркарот на Денвер и со тоа постави нов рекорд на франшизата. На 19 натпревари минатиот месец, тој со својот тим забележа 13 победи и во просек постигнуваше по 29 поени, 13,2 скока и 9,2 асистенции.

За МВП на Источната конференција е прогласен Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс кој го предводеше најтрофејниот во лигата до биланс 14/4, а просечно реализираше по 27,7 поени, 8,8 скока и 4,1 асистенција.