НБА со жестоки казни за Инграм, Рондо и Пол! (ВИДЕО)

Вистински хаос се случи во „Стејплс центарот“ пред неколку дена, кога Рејон Рондо и Брендон Инграм од Лос Анџелес Лејкерс и Крис Пол од Хјустон рокетс се степаа среде натпревар.

Управата на НБА лигата не им го прости инцидентот, па реши да ги казни секој од нив. Инграм доби казна од четири натпревари, Рондо ќе паузира три дуели, а Пол нема да настапи на две средби.

Инграм беше суспендиран поради агресивната реакција и поради нападот кон Пол, а Рондо доби казна поради плукање на противникот, додека Пол поради физичкиот напад.

Пол почнува да ја служи казната уште од вечерва кога Хјустон игра против Клиперс, додека Инграм и Рондо ќе ја одработуваат казната од утре кога Лејкерс го пречекува Сан Антонио.