НБА скандал: Го наместиле натпреварот за Робинсон да биде најдобар стрелец

Ретки се играчите кои успеаја да постигнат повеќе од 70 поени на еден натпревар во НБА. Меѓу нив е и поранешниот центар на Сан Антонио Спарс, Дејвид Робинсон, кој во далечната 1994 година постигна 71 против Лос Анџелес Клиперс во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната.

Сепак, скоро три децении подоцна, е откриено дека Робинсон бил потпомогнат од тимот за ова остварување.

Тој се борел со младиот Шекил О’Нил за титулата најдобар стрелец во лигата, требал да постигне пет поени повеќе во последниот натпревар, а Шек таа ноќ запишал 32 коша.

Сан Антонио Спарс го чекал дуел со Клиперс, кои и покрај некои одлични имиња во својата постава како Рон Харпер, Дени Менинг, Марк Џелсон или легендарниот Доминик Вилкинс, беа далеку од плејофот со скоро од 27-55.

Робинсон погоди 26 од 41 шут од игра и го заврши натпреварот со 71 поен. Сепак, Вилкинс ја открива скандалозната позадина на тоа.

„Тренерот Боб Вајс ни кажа дека му е наредено да ги тргне сите пет стартери од теренот по неколку минути од натпреварот. Го прашавме зошто, а тој ни рече дека (Доналд) Стерлинг (сопственик на Клиперс) сака титулата за најдобар стрелец да остане на Западот“, истакна Вилкинс, па додаде:

„Го соблеков дресот, го одврзав завојот од зглобот и си заминав. Она што го сторивме беше срамно, се присети Харпер за она што се случи тој ден“.