НБА плеј-оф: Убедлив старт на Голден стејт, Њу Орлеанс направи брејк (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Голден стејт убедливо славеше против Сан Антонио во првиот плеј-оф НБА натпревар со 113-92.

Шампионот уште од самиот почеток постави високо темпо и имаше контрола во текот на целиот натпревар.

Најефикасен во победничкиот тим беше Клеј Томпсон со 27 поени, а Кевин Дурент постигна 24, надополнети со осум скока и седум асистенции. Kaj Сан Антонио се истакна Руди Геј со 15 поени.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Западната конференција, Њу Орлеанс го совлада Портланд на гостински терен со 97-95.

Гостите подобро го започнаа натпреварот и имаа предност од 19 поени, но домаќинот во финишот ја надополни негативата и имаше поен негатива. Меѓутоа, не успеаја да реализираат напад за пресврт и Њу Орлеанс со оваа победа се стекна со предност од домашниот терен.

Резултати:

Филаделфија - Мајами 130-103 (1-0)
Портланд - Њу Орлеанс 95-97 (0-1)
Голден стејт - Сан Антонио 113-92 (1-0)
Торонто - Вашингтон 114-106 (1-0)