НБА не размислува за продолжување на сезоната!

Продолжението на сезоната во НБА лигата е под знак прашалник поради состојбата со коронавирусот во САД.

САД е една од  земјите со најмногу позитивни луѓе со вирусот Ковид-19, речиси и три пати повеќе од Италија во која починаа 14.680 лица.

Иако беа оптимисти дека ќе ја продолжат сезоната во најквалитетната кошаркарска лига, сепак новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорст, истакна дека челниците на лигата размислуваат да ја завршат годината.

Разговарав од обете страни и јасно дека НБА лигата размислува да ја заврши сезоната целосно. Тие не треба да го сторат тоа во моментов и моментално ги задржуваат сите опции во оптек. Воопшто не се разговара за потенцијално продолжување. Тие зборуваат за финансиските последици од откажувањето на сезоната, истакна Виндхорст.

Кина, која го стопираше ширењето на вирусот во земјата, ја откажа на неопределено кошаркарската сезона, па се очекува истото да го стори и САД.