НБА не простува: Јокиќ треба да плати казна од 2.000 долари!

Раководството на најсилната кошаркарска лига му изрече санкција на српскиот кошаркар Никола Јокиќ поради симулирање на натпреварот против Сакраменто кингс.

НБА-лигата во соопштението наведе дека кошаркарот на Денвер ги прекршил правилата во финишот на мечот, кога по контакт со противнички кошаркар паднал, а арбитрите досудиле прекршок од страна на Сабонис.

Денвер нагетс беше поразен од Сакраменто со 117-123, а Јокиќ на натпреварот постигна 36 поени, 13 скокови и 14 асистенции.