
НБА може да добие европски клуб: Шортс и Париз сериозни кандидати!
Имено, според информациите на реномираниот „Ле Паризиен“, катарските сопственици на фудбалскиот клуб се во преговори со НБА лигата околу проширување на лигата во Европа. Во овој момент постојат две опции, катарските инвеститори би го купиле актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, Париз и со него би учествувале во НБА или би создале комплетно нов клуб.
Наводно шефот на НБА лигата, Адам Силвер има на ум и уште некои европски клубови кои би можеле да бидат вклучени и тоа се: Реал Мадрид, Асвел , Барселона и Фенербахче. Се најавува дека проектот би можел да започне од следната години, но не е дефинирано како би се вклопил со Евролигата.
Американците тврдат дека се е во договор со ФИБА и Силвер бара клубови со големи буџети од градови како: Мадрид, Лондон, Барелона, Рим, Милано, Исстанбул, Париз...
Исто така се потсетува дека ПСЖ веќе има договор со брендот Џордан кој е специјализиран за кошаркарска опрема што секако е позитивен фактор во преговорите.