НБА легенда открива: Од првата плата потрошив милион долари за само еден час!

Кошаркарите во НБА-лигата заработуваат многу пари, а еден од тие кои не ја штедеше заработката беше Шекил О’Нил, кој во текот на кариерата доби големо богатство.

Кога ја почна професионалната кариера легендарниот центар не знаел многу за финансиите и тоа го призна во една популарна емисија.

„По потписот на првиот договор си купив неколку луксузни автомобили, накит... Потрошив толку многу за да ми се јават од банка и да ми кажат дека тоа ќе ме уништи ако продолжам да трошат пари. Потрошив милион долари од првата плата за еден час. Менаџерот од банката ме предупреди дека не треба да трошам премногу зашто треба да мислам на данок и слични работи“, вели легендарниот кошаркар.