НБА ќе го укине правилото „една година“ воведено поради - Коби и Леброн!

Раководството на НБА-лигата наскоро повторно ќе им дозволи на младите кошаркар да се пријават за драфотот веднаш по завршувањето на средното училиште, што беше забрането во последните 17 години.

Во 2005 година беше воведено правилото „една година“, колку што мораше да мине помеѓу матурирањето и пријавата на НБА-драфтот. Промената во регулативите најверојатно ќе важи за изборот на кошаркари почнувајќи од 2024 година. Ваквата промена на ставот е дојдена во преговорите помеѓу лигата и унијата на кошаркари, а ќе биде потврдена при усвојувањето на новиот колективен договор во НБА.

Правилото „една година“ беше воведено поради огромната експанзија на млади кошаркари на драфотот иницирана од успешните приказни на Коби Брајат и Леброн Џејмс, кои директно од училишните клупи влегоа во најсилната лига на светот. Најголем број од тинејџерите завршија неславно, поради што НБА донесе одлука за пролонгирање на влезот во натпреварувањето, со цел да им дадат можност на талентираните играчи барем малку да созреат.