Најголема судиска грешка во историјата на НБА - жртви Далас и Дончиќ (ВИДЕО)

На мечот меѓу Далас и Голден стејт имаше неверојатен момент кога сите кошаркари на домашниот тим беа пред гостинскиот кош, а противниците изведоа фаул и непречено реализираа.

Натпреварот меѓу Далас и Голден стејт беше неизвесен во целиот тек, ниту еден тим немаше двоцифрена предност, а шампионот победи со 127-125. Секој поен беше важен.

Во Далас посебно полудеа поради еден кош на Голден стејт во третата четвртина. Сопственикот на клубот, Марк Кубан ја оцени како најлоша грешка во историјата на НБА.

„Судиите означија топка за Далас. Спикерот го објави тоа. Потоа беше тајмаут. Во текот на тајмаутот судиите ја порменија одлуката, а нас не ни го кажаа тоа. Видоа дека се поставуваме како да е наша топката, а потоа само им ја дадоа топката на Вориорс, а нас ништо не ни кажаа. Лудо е што на крајот тоа беше важно во меч на два разлика. Можеби ова е најлошата судиска одлука во историјата на НБА. Само требаше да ни кажат, а не ни кажаа“, рече сопственикот на Далас, Марк Кубан и најави службена жалба до НБА.

По реакцијата на Кубан, се огласија и судиите, кои ја негираат неговата верзија велејќи дека уште на почетокот, пред тајмаутот покажале дека топката е за Голден стејт.