На Јокиќ му фалат 31 поен за да направи нешто што не е видено во историјата на НБА

Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ, актуелниот центар на Денвер Нагетс и актуелен МВП во НБА од минатата сезона, игра уште подобра сезона од ланската и е на чекор да направи нешто што досега не се случило во историјата на најсилната кошаркарска лига, па не успеале ни најголемите играчи во историјата да го остварат.

Јокиќ блескаше на својот последен меч со 41 поен, 17 скока и четири асистенции и на два меча до крајот на регуларниот дел од сезоната му фалат уште 31 поен со што ќе стане прв кошаркар во историјата на НБА кој одиграл сезона во која имал над 2.000 поени, над 1.000 скокови и над 500 асистенции.

Дури ни најголемите мајстори и остварувачи на трипл-дабл ефект како Лери Брд, Расел Вестбрук или Оскар Робертсон никогаш не успеале во историјата да достигнат вакви бројки.

Јикиќ лани беше прогласен за МВП, а сезонава има уште подобра статистика зашто во просек дава 27 поени со 58 отсто прецизност, има 13,7 скока по меч, осум асистенции и по 1,4 украдени топки и 0,8 блокади.

Србинот и во оваа сезона е прв фаворит за МВП наградата пред Џоел Ембид и Јанис Антетокумпо