На Американците за мачењето против Јужен Судан виновен им е - хаосот во Лондон!

Американскиот репрезентативец, Ентони Дејвис, имаше уникатно објаснување за лошиот настап на САД на натпреварот против Јужен Судан (101-100), во кој триумфот беше обезбеден по голема и неочекувана драма.

Суданците имааа последен обид за победа, но Карлик Џонс не беше во можност да биде херој и покрај тоа што средбата ја заврши со трипл-дабл. Дејвис по средбата изјави дека сообраќајниот хаос во Лондон бил главен „виновник“ за слабите перформанси на Американците. Тие доцнеле на натпреварот, па не им биле испочитувани некои од вообичаените рутини.

Американците ќе одиграа уште еден пријателски натпревар пред ЛОИ во Париз (26 јули-11 август) и тоа утре против Германија. На олимпискиот турнир тие се во група со Јужен Судан, Србија и Порторико.