Maреј блесна: Денвер и без Јокиќ го доби Хјустон! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер го одиграа и четвртиот натпревар без услугите на Никола Јокиќ, а во него славеа победа над Хјустон со 116-111.

Кошаркарите на Денвер го одиграа и четвртиот натпревар без слугите на Никола Јокиќ, а во него славеа победа над Хјустон со 116-111.

За Денвер ова беше втор триумф без Јокиќ, има и два порази од Лејкерс и Минесота, додека славеа над Вориорси.

Одлучувачка во натпреварот беше третата четвртина која Денвер ја доби со 39-22. Хјустон на 22 секунди пред крајот успеа да дојде на само „минус три“, но сили за нешто повеќе немаше.

Џамал Мареј одигра одличен меч за Нагетси и постигна 39 поени, додавајќи и седум асистенции.

Зад него следеше Мајкл Портер јуниор со 17 поени и девет скока. На спротивната страна Џејлен Грин постигн 30 поени, а Дилон Брукс 21 поен.

Во следниот натпревар Денвер ќе игра на домашен терен против Чикаго Булс.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта - Филаделфија 132-119, Мајами - Шарлот 122-105, Портланд - Бостон 116 - 129, Торонто - Сан Антонио 89-123, Лос Анџелес Клиперс - Оклахома 101-103.