Мајсториите на Дончиќ – за три секунди даде пет поени! (ВИДЕО)

Словенечката ѕвезда Лука Дончиќ имаше добар настап во поразот на Далас Маверикс од Феникс Санс со своите 28 поени, иако во последната четвртина „исчезна“, ама направи таков спектакл на крајот на првото полувреме што ги остави сите без зборови.

Во самата завршница, за три секунди успеа да даде пет поени! Прво погоди од рекетот во последниот напад на својот тим, а потоа со украдена топка и тројка во последна секунда ја крена салата на нозе.