Мајами распука по Бостон - со 23 тројки до првиот брејк (ВИДЕО)

Ланскиот финалист Мајами Хит е третиот тим што направи брејк во една од сериите од првата рунда на плејофот во НБА лигата.

Екипата од Флорида израмни на 1-1 против Бостон откако ноќеска славешен со 111-101, пред се благодарение на одличниот шут од дистанца. Гостите погодија 23 тројки од 43 шута (53,5%), а во второто полувреме одиграа и добра одбрана бидејќи на најдобрата офанзивна екипа во лигата ѝ дозволија само 40 поени.

За разлика од гостите, кошаркарите на Бостон не беа толку сигурни во шутот, погодија само 12 тројки од 32 шута и уште во вториот натпревар ја загубија предноста на домашниот терен. Во основниот дел од сезоната Селтикс беа најдобра екипа кога станува збор за натпреварите пред своите гледачи и претрпеа само четири порази на 41 меч.

Тајлер Хиро сп 24 поени и 14 асистенции беше најдобар играч на Мајами, а Адебајо додаде 21 поен и 10 скока. Кај Бостон, Браун заврши со 33 поени, а Тејтум со 28 поени. Следните два меча од серијата се играат на теренот на Мајами.

Во вториот меч од ноќешната програма, Оклахома го победи Њу Орлеанс со 124-92 и поведе со 2-0 во серијата.