Магија: Чудесниот Дончиќ со две тројки во последните 15 секунди го реши Бостон (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден фантастичен натпревар за кој долго ќе се раскажува, откако со две тројки во последните 15 секунди му донесе победа на Далас маверикс во пресметката со Бостон селтикс (110-107).

Словенецот средбата ја заврши со 31 поен, десет скока и осум асистенции, а беше феноменален во шутот за три поени, погодувајќи шест од осумте удари од оваа позиција. За „телињата“ од тексас ова беше 15-та победа сезонава, која го остави на деветтата позиција во Западната конференција.

Кошаркарите на Бруклин нетс повторно ја немаа помошта од Кевин Дурент, но тоа не ги спречи да дојдат до седмиот триумф по ред, овој пат во пресметката со Сакраменто кингс (127-118). Харден одново беше најдобар кај „мрежичките“ со 29 поени, 11 скокови и 14 асистении, а одличен беше и Брус Браун, кој ја имаше вечерта на кариерата и постигна исто така 29 поени, додека Ирвинг уфрли 21 поен. Кај „кралевите“, најдобар беше Фокс со 27 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Атланта 112-111, Далас – Бостон 110-107, Денвер – Портланд 111-106, Орландо – Детроит 93-105, Бруклин – Сакраменто 127-118, Њујорк – Голден Стејт 106-114, Торонто – Филаделфија 102-109, Милвоки – Минесота 139-112 и ЛА Клиперс – Вашингтон 135-116.