Магичниот Јокиќ за само 21 минута дојде до трипл дабл (ВИДЕО)

Денвер Нагетс ја оствари третата победа во низа откако ноќеска ја совлада Атланта со 139-120.

Повторно прва ѕвезда на вечерта беше Никола Јокиќ кој го оствари 14. трипл дабл во сезоната, но импозантно е времето до кое дојде до него. На теренот помина вкупно 29 минута, но по 21 минута игра веќе имаше двоен ефект во три статистички категории, а натпреварот го заврши со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции. Интересно е тоа што овој трипл дабл не му е најбрз во кариерата бидејќи во 2018 година до таков учинок стигна за само 14 минути на теренот. Освен тоа, стана прв кошаркар во историјата на НБА кој за помалку од 30 минути стигнал до најмалку 20 поени, 15 скока и 15 асистенции.

Денвер беше подобар тим речиси цел меч, но клучната разлика ја направи во третата четвртина која ја доби со 41-24. Поради тоа Јокиќ во последниот период воопшто не влезе во игра, а и без него Нагетс успеаја да ја сочуваат предноста и да остварат убедлива победа.

Покрај Јокиќ, се истакнаа уште Мареј и Портер со по 21 поен, додека најефикасен играч на мечот беше Тре Јанг од тимот на Атланта кој постигна 30 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Орландо 105-96
Вашингтон - Чикаго 125-107
Мајами - Њу Орлеанс 119-108
Њујорк - Јута 119-103
Торонто - Бруклин 130-113
Хјустон - Далас 110-99
Денвер - Атланта 139-120
Сакраменто - Филаделфија 113-107