Лука Дончиќ погоди од Словенија, но Американците го победија „Светот“ (ВИДЕО)

Утринава како прв настан од НБА Ол-стар викендот се одигра натпреварот помеѓу „Ѕвездите во надоаѓање“. 

Тимот Америка го совлада тимот на Светот со 151-131. Титулата за најкорисен играч на натпреварот ја понесе Мајлс Бриџис од Шарлот, кој постигна 20 поени. Во тимот на победниците се истакнаа Ерик Пашал со 23 поени, Колин Секстон имаше 21, Зајон Вилијамсон 14, од кои најмногу ги постигна со забивање, додека Трае Јанг реализираше 18 поени.

На спротивната страна Лука Дончиќ реализираше 16 поени, а највпечатлив беше неговиот шут од половина терен на истекот на првото полувреме.

Ар Џеј Барет беше најефикасен кај „Светот“ со 27 поени, додека Брендон Кларк постигна 22 поени.