Лудата тројка на Дончиќ за победа по која сите во арената скокнаа од радост (ВИДЕО)

Екипата на Далас маверикс ја доби синоќешната драма со ЛА Клиперс (103-101) за што најзаслужен беше Лука Дончиќ и тоа не само поради конечниот ефект со 35 поени и 11 скока туку и поради решавачката тројка постигната на триесетина секунди до крајот со која му донесе на својот тим водство со четири поени (102-98).

Гостите одиграа релативно добра одбрана, поради што топката во едно време беше ничија, но на нивна жалост заврши во рацете на Словенецот, кој без размислување од ептен тешка ситуација, преку противнички кошаркар и голема далечина ја смести топката каде што требаше.

Неговиот прецизен шут за три поени предизвика еуфорија во арената, во која буквално сите скокнаа од радост, а гласен беше и коментаторот кој на крајот само поентира: „Само Дончиќ може да направи вакво нешто!“.