Лешинарите повторно во акција: Ја продаваа маицата од комеморацијата на Коби и Џиана (ФОТО)

Додека едни тагуваат, други гледаат како да се збогатат. Ваква беше сликата на комеморацијата во „Стејплс“ центарот во чест на трагично загинатите Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седуммина во хеликоптерската несреќа која се случи пред еден месец во Калифорнија.

Во Лос Анџелес многумина го искористија последниот поздрав за да заработат пари од сувенири што ги добија заедно со комеморативниот билет.

Со купување билет за настанот, на гледачите им беше дадена брошура со фотографии на влезот во салата, специјален билет и маица со Коби и Џиана.

Гледачите можеа да купат и само маица, а собраните приходи беа уплатени во Фондацијата „Мамба и Мамбасита“, именувани по прекарите на загинатите.

Сепак, многумина не беа расположени да даваат, туку само да земаат. Набргу откако започна комеморацијата, оние што добија маички со Коби и неговата ќерка веднач почнаа да ги продаваат преку Интернет, а почетната цена изнесувала 800 американски долари.