Ленард одби 36 милиони од Клиперс и чека понуди од Лејкерс и Бруклин

Американските медиуми пишуваат дека Каваи Ленард одбил договор вреден 36 милиони долари од Лос Анџелес Клиперс за следната сезона, па така ќе стане слободен агент.

Кошаркарот чека понуди од другите тимови, по што ќе реши каде ќе игра следната сезона. Тој за Клиперс настапуваше од 2019 година, а во претходните две сезони во просек постигнуваше по 26 поени, 6,8 скокови и пет асистенции.

Најдобрите тимови од НБА-лигата ќе се обидат да го ангажираат Ленард, а во борбата за неговиот потпис веќе се вклучија Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин нетс.

Ленард ги пропушти последните осум натпревари во плејофот за својот тим, а операција имаше на 13 јули и во моментов е на рехабилитација, но ќе биде подготвен за стартот на новата сезона.