Лејкерс во криза – трет пораз по ред (ВИДЕО)

Иако има две суперѕведи во тимот, Лос Анџелес Лејкерс никако не може да влезе во победнички ритам оваа сезона.

Ноќеска, тимот од Калифорнија го доживеа третиот пораз во низа откако загуби на гостувањето кај Феникс со 110-113. Овој пораз беше исклучително болен бидејќи дојде со тројка на секунда пред крајот, а Лејкерс можеа да обезбедат барем продолжение. Херој на домашниот тим беше Ројс Онил кој со тројка ја заврши акцијата на Грејсон Ален.

Лејкерс го имаа последниот шут, Редик нацрта добра акција, Остин Ривс остана сосема сам, но промаши. Така, уште една одлична партија на Лука Дончиќ беше фрлена во вода. Словенецот постигна 41 поен, осум скока и осум асистенции во овој натпревар. Повторно ги носеше Лејкерс, но повторно другите не го поддржаа. Пред сè, Леброн Џејмс, кој имаше 15 поени, а ни Ривс не беше на своето ниво вечерва бидејќи заврши со само 14 поени.

Грејсон Ален беше најдобар на другата страна со 28 поени, Колин Гилеспи даде 21, Онил 13, а Рајан Дан 10 поени. Санс подобро ги распределија поените, повеќе си веруваа еден на друг и на крајот навистина заслужено дојдоа до голема победа.

РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Шарлот 109-133
Филаделфија – Мајами 124-117
Атланта – Вашингтон 126-96
Бруклин – Сан Антонио 110-126
Орландо – Хјустон 108-113
Чикаго – Портланд 112-121
Далас – Сакраменто 121-130
Феникс - ЛА Лејкерс 113-110
Јута – Њу Орлеанс 118-129
ЛА Клиперс – Минесота 88-94