На навивачите не им се верува: Онана сака да се бори за место во Манчестер Јунајтед
„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го продадат, но тој сака да се бори за своето место во клубот. Според „Гардијан“, голманот верува дека ќе добие шанса да го стори тоа иако навивачите не можат да веруваат дека воопшто размислува за такво нешто по очајните изданија лани.
Онана пристигна во Манчестер Јунајтед од Интер во јули 2023 година за 50 милиони евра. Потоа потпиша петгодишен договор. По низа грешки, голманот ја изгуби самодовербата и минатото лето клубот го донесе Сене Ламенс, кој играше на високо ниво во својата дебитантска сезона во Англија.